„ Со кино против земјотрес“ – герила акција во Градскиот парк

„ Со кино против земјотрес“ – герила акција во Градскиот парк
11.09.16   20:52

Прочитано : 1,339

Print This Article

На социјалните мрежи Фејсбук и Твитер започна да се шири веста дека во 22 часот во Градскиот парк ќе има филмска проекција, за оние луѓе кои премногу се вознемирени од денешните земјотреси во Скопје и кои се плашат да се вратат во своите домови.

Gradski_park_Skopje_08.05_(10)

„Дечки, пар луѓе решивме за вечер да правиме кино на отворено во парк во 22:00. Сите што останавте во Скопје, а сте премногу потресени за да седите дома, дојдете си со другарчињата, пуканките и пијачките у парк да правиме групна терапија со добро филмче“, се вели во повикот, кој почна да се споделува на социјалните мрежи под хаштагот #СоКиноПротивЗемјотрес.

Скопје денеска го потресоа повеќе  земјотреси. Првиот посилен се случи во 6:58 часот наутро, а веднаш по него следуваше и помал. Првиот беше со јачина од 3,9 степени по Рихтер, а вториот земјотрес со јачина од 2,8 степени.

Во 15:10  часот, пак, беше почувствуван со јачина од 5,1 степени по Рихтеровата скала, со епицентар на седум километри североисточно од центарот на градот, со длабочина од два километри

  Категории: