Скандалозен дискриминаторски опис на жената во учебникот за 8-мо одделение

Скандалозен дискриминаторски опис на жената во учебникот за 8-мо одделение
19.03.17   19:33

Прочитано : 3,476

Print This Article

„Само почитувани жени и здрави мајки може да обезбедат здрави семејства , од што зависи и понатамошниот развој на општеството“.

zenata_ucebnik

Ова го пишува во учебникот за граѓанско образование од 8 одделение, во поглавјето посветено на женските права. Во прилог на ова тврдење, авторите ја посочуваат Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација. Реагираше Хелсиншкиот комитет со образложение дека станува збор за погрешно толкување на конвенцијата.

Според професорот Пајазити, ова е дискриминација врз основа на здравствената состојба, бидејќи сите оние со некаков вид на попреченост не се претставени како здрави според дефиницијата на авторите. Дискриминаторската е и кон жените кои немаат или не можат да имаат деца, бидејќи тие не се мајки, а според авторитете тие се изоставени и не можат да придонесат во процесот на понатамошниот развој на општеството.

Станува збор за индоктринација на младата популација, афирмирање на машкоста наспроти феминизмот.

Хелсиншкиот комитет веќе поднел претставки до народниот правобранител и до просветниот инспекторат. Ова не е прв случај во предметот граѓанско образование одредени општествени појави да се прикажуваат на дискриминаторскии и несоодветен начин. Дел од тие поглавја, подоцна беа повлечени. Од министерството за образование ни одговорија дека ги разгледуваат сите забелешки на засегнатите страни во делот на учебникарството. Тие се, како што ни потврдија подготвени да соработуваат, односно да излезат во пресрет на потребите кои се во интерес на усовршување на образованието.

извор: Телма

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o