СКАНДАЛ: Празни возила на Брза помош без лекари на блокадите, злоупотребени за оцрнување на #ШаренаРеволуција

СКАНДАЛ: Празни возила на Брза помош без лекари на блокадите, злоупотребени за оцрнување на #ШаренаРеволуција

Со проокации започнаа денешните блокади на сообраќајот на мостови од страна на „Шарена револуција“ На блокадата кај мостот Гоце Делчев два пати помина празно возило на брза помош. Демонстрантите првиот пат го пропуштија возилото, пренесе порталот Стандард.

13467610_1202750096434388_107526292_o-770x470[1]

Во исто време се појави екипа на неделникот „Република“ да фотографира, а демонстрантите ги исвиркаа и им довикуваа „ало началниче“. За кратко време, истото возило на брза помош се врати назад во правецот од каде што дојде и повторно сакаше да помине.

Демонстрантите ја оворија вратата на возилото, повикувајќи ги фоторепортерите да фотографираат дека внатре нема никој и дека се работи за провокација.

Како што пишуваат твитерџиите, тука била и екипа на провладината телевизија Алфа за да го сними настанот и веројатно подоцна да биде злоупотребен за пропагандни цели и оцрнување на Шарената револуција и демонстрантите.

Инаку, на големиот протест на Шарената револуција во понеделникот кога полицијата целосно ги имаше затворено приодите кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кон Собранието и кон Владата, пред да ја пробијат барикадата и да заминат кон Владата, демонстрантите помогнаа и ја отворија полициската ограда за да помине Брзата помош. Додека полицијата чекаше наредба дали да ја отвори, тие немаа дилеми.

Не е познато дали тогаш се работело за вистински итен случај, или за уште една ваква местенка.

Фото – Стандард/Твитер

Дополнето (13:22):

Како што беше очекувано, куририте веќе започнаа со лажни и манипулативни текстови за оцрнување на Шарената револуција.

8754895490437

Дополнето (13:42):

#ШаренаРеволуција: Власта прави местенки преку Брзата помош, со очигледна и перфидна манипулација

Соопштение на Шарената револуција:

Би сакале да ја информираме јавноста за злоупотребата и нечовечките методи кои ги користи власта да ја креира лажна слика за шарената револуција. Предмалку, на блокадите на мостот Гоце Делчев, во исто време дојдоа две возила на брзата помош кои беа празни, што се гледа од фотографиите во прилог. Возачите уште при првиот застој излегоа да се расправаат со демонстрантите, иако тие уредно им направија место веднаш да поминат.

Целата оваа ситуација е документирана преку фотографиите на кои се гледа дека возилата се празни и дека не превезуваат пациенти. Во моментот кога оваа режирана сцена се случуваше, се појавија и камерите на провладините медиуми кои „случајно” го снимија овој настан и веднаш потоа заминаа.

Ова е очигледна и перфидна манипулација преку злоупотреба на јавното здравство и возилата на брзата помош. Во услови кога пациенти чекаат со часови на брза помош, власта ги злоупотребува возилата за политички местенки.

Веќе бевме сведоци на провокациите на минатата блокада, но овој пат дрскоста отиде предалеку. Ги повикуваме нашите поддржувачи на смиреност, а граѓаните на будност во однос на ваквите лажни свенарија кои ги подготвува власта. Горенапишаното е вистината за денешната ситуација, ги замолуваме медиумите да ја пренесат како граѓаните не би биле манипулирани.

Дополнето (14:50):

Член на ВМРО-ДПМНЕ Бутел го возел празното комбе на Брза помош за оцрнување на #ШаренаРеволуција

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, и Директорот на Паркинзи Центар, Саша Богдановиќ, на својот Фејсбук профил објави фотографии од возачот на празното комбе на Брзата помош за оцрнување на #ШаренаРеволуција, кој, според него, е Кире Теновски, шеф на возен парк во Брза помош, инаку истурен член на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, а како што се гледа од сајтот на владејачката партија, бил и еден од делегатите на минатогодишниот конгрес (реден број 406).

13417442_10208934183779379_8997779567992880231_n

„Кире Теновски, шеф на возен парк во Брза помош, инаку истурен член на ВМРО-ДПМНЕ Бутел денес требаше да ја заврши гнасната работа на своите ментални наредбодавачи.

Требаше со амбулантно комбе да направи скандал, односно придржуван со новинарски екипи од Република.мк да исценира инцидент на кој ќе се показе дека Шарената револуција со своите блокади не дозволува Брза помош да помине со пациенти.

Следниот пат не го вози комбето празно, стави ги внатре луѓето од раководството на ДПМНЕ и носи ги во ментални установи“, напиша Богдановиќ.