СЈО бара да стане автономна институција

СЈО бара да стане автономна институција
14.09.18   16:48

Прочитано : 229

Print This Article
сјо

СЈО го објави шестмесечниот извештај за работата. Во него пишува дека очекува во претстојниот период од страна на надлежните институции да се превземат потребните мерки и законски услови СЈО  да се инкорпорира во Јавното обвинителство на Република Македонија како самостојна институција која ќе има автономност во постапувањето по делата од негова надлежност и гонење на кривични дела на корупција од висок профил.

Во извештајот СЈО уверува дека во идниот период судот поинтензивно ќе ги закажува рочиштата по одобрените обвиненија со што ќе  се овозможи во соодветни судски постапки да ги докаже кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите со поднесените обвиненија.

„Чувствуваме обврска да го потенцираме ова ценејќи дека судот мора да ја има во предвид сериозноста на кривичните дела кои се предмет на обвиненијата поднесени од страна на ова Јавно обвинителство со цел обезбедување непречено водење на судските постапки како и избегнување на нивното непотребно одлагање. Во оваа прилика повторно ја истакнуваме обврската за воздржување од постапување кое е насочено кон успорување на правдата. Во идниот период покрај учеството на судските рочишта, како резултат на опсегот на дејствија преземени во отворените предистражни постапки во ќе отвориме истраги за предмети во кои утврдувањето на вистината како и обезбедувањето на кривичната правда е од големо општествено значење и од исклучителен интерес за граѓаните на Република Македонија“, пишува во заклучокот на извештајот на СЈО.

loading...
loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести