Сите детали за музичкиот концертен спектакл на Марија Шерифовиќ во Охрид (ВИДЕО)

Сите детали за музичкиот концертен спектакл на Марија Шерифовиќ во Охрид (ВИДЕО)
20.07.18   12:10

Прочитано : 46

Print This Article
loading...
36329347_1962650760414030_3680442048143425536_n

Таа гордо и оправдано го носи епитетот најдобар вокал на Балканот. Единствената ѕвезда на овие простори на која не и се потребни разголени нозе, длабоки деколтиња и силиконски усни да стигне до пијадесталот на популарноста. Едноставностста, уникатноста, шармот и харизмата надополнети на нејзината вокалана способност ја донесе онаму каде што е единствената Марија Шерифовиќ.

Во 2007 та година на најголемото Европско музичко случување успеа да освои прво место и ова големо шоу да го донесе на Балканот односно во Србија. „Молитва“ на Марија Шерифовиќ е една од најпеените евровизиски песни кои некогаш биле отпеани на таа сцена. Искреноста на Шерифовиќ е нишката што ја поврзува со публиката. Отворено, емотивно и искрено интервју Марија даде токму за нашата телевизија 1ТВ, во гостувањето на шоу емисијата „Вечер со Тијана“.

Неодамна Марија Шерифовиќ одржа спектакуларен концерт во Сараево на стадионот „Кошево“ каде 50 000 фанови ги пееа големите хитови во еден глас. Вакава а можеби и побројна публика очекуваме и со сигурност заеме дека ќе ја има на 3 –ти август во Охрид. Каде што Шерифовиќ ќе одржи концерт на стадионот „Билјанини извори“. Покната за да бидете дел од истиот ја имате лично од Марија.

Но пред да застане на сцената во Охрид и запее за вас, Марија Шерифовиќ најавува дружба со нејзините фанови веќе во понеделник на 23 –ти јули  во Сите Мол. Ќе може одблизу да ја поздравите, да се фотографирате и дружите со единствената Марија Шерифовиќ. Бидете подготвени терминот за дружба со фановите закажан е за во 20 часот и 30 минути. Доколку не сте набавиле билет за концертот ан 3 –ти август во Охрид тоа може да го направите веднаш преку продажната мрежа ан mktickets или пак на Градските плоштади во Скопје и Охрид.

Заклучок: Во вашата дневна агенда запишете се го 23 –ти јули како ден за дружба со Шерифовиќ а 3 –ти август како ден за групно пеење на нејзините најголеми хитови на концертот во Охрид.

loading...
  Категории: