Системите на УЈП блокирани, висат платите и даночните пријави

Системите на УЈП блокирани, висат платите и даночните пријави
26.01.17   11:33

Прочитано : 855

Print This Article

Системот на Управата за јавни приходи (УЈП) за поднесување годишни даночни пријави, но и системот преку кој се врши прием на декларации за плати не функционираат неколку дена, алармираат сметководителите.

ujp_5

Поради овој проблем, тие не можат да го запазат рокот (25 јануари) за поднесување годишна даночна пријава, а не можат и да ги исплатат платите бидејќи декларацијата за плати најпрво поминува преку УЈП.

– Секоја година овој период им се случува колапс на системот за поднесување електронски даночни пријави, но оваа година е кулминација. Од УЈП нема официјално соопштение дека нема да има казни доколку не се испочитува рокот за поднесување на годишните даночни пријави. Само усно соопштуваат дека нема да има казни и да се обидуваме да ги поднесуваме пријавите. Иако системот за даночни пријави и системот за плати не се поврзани, сепак и тој систем за плати, односно за прием на декларации, не им функционира – велат од едно сметководствено биро за „Мета“.

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) информираше дека системот на Управата за јавни приходи (УЈП) за поднесување даночни пријави и годишни извештаи е блокиран поради масовно коиристење во овој период од годината.

Оттаму ги информираа сметководителите дека поради овој проблем, задоцнетото доставување на пријавите нема да претставува прекршок.

Мета

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o