Синоќа донела на свет здраво машко дете, а утрово починала родилка во болницата во Штип

Синоќа донела на свет здраво машко дете, а утрово починала родилка во болницата во Штип
14.06.18   21:56

Прочитано : 1,284

Print This Article
loading...

Утрово околу 7 часот, 28-годишната Маја Паневска од Свети Николе починала во штипската Клиничка болница, потврди директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеоргијев. Паневска починала по само 24 часа откако била примена на гинеколошко-акушерското одделение во болницата.

Како што вели Ѓеорѓијев, родилката синоќа во 21 часот, по природен пат донела на свет здраво машко дете, но од засега непознати причини починала утринава.

Од Клиничка болница-Штип изразуваат сочувство на семејството и наведуваат дека телото на првороденката е дадено на обдукција.

Во текот на денов или најдоцна до утре очекуваат да го добијат извештајот од Патологија и Судска медицна во Скопје, по што на прес-конференција ќе ги соопштат деталите за прераната смртта на Паневска.

  Категории: