Силувач добил 5 години затвор, a таткото на жртвата го убил и добил 40 години

Силувач добил 5 години затвор, a таткото на жртвата го убил и добил 40 години
11.01.17   19:24

Прочитано : 1,546

Print This Article
Џулија Мајнор имала само четири години кога Рејмонд Ерл Брукс почнал сексулано да ја злоставува. Тој бил очув на мајката на Јулија, па често бил во нејзина близина. Ја злоставувал до нејзината осма година. Судот му изрекол казна затвор од пет години, што според таткото на девојчето, Џеј Мајнор, било малку, па тој решил правдата да ја земе во свои раце.
main-jay-maynor
Силувачот Рејмонд ја уверувал Јулија дека таа е посебна и дека тоа што и го прави е сосема нормално. Но, по извесно време, девојчето собрало храброст и се им раскажало на родителите, кои повикале полиција.
Рејмонд во 2002 година бил осуден, откако ја признал вината. Судот му одредил казна од само пет години, а заради добро однесување тој бил пуштен на слобода после две години и три месеци затвор. Платил и парична казна и продолжил со својот живот како сексуаелн престапник. Откако излегол од затвор, се преселил во Алабама и тоа во истиот град во кој живеела и Јулија.
Петнаесет години подоцна, Јулија која денес има 24 години, станала мајка на три деца, но се уште не може да ги заборави ужасите од детството. Траумите имале влијание и врз нејзиниот брачен живот, а девојката западнала и во депресија. Злосторот од минатото продолжил да и го уништува живот.
Џеј Мајнор гледал секој ден како Јулија страда и не можел да го поднесе тоа. При еден ручек Јулија се расплакала и во налет на тага и бес на татко си рекла дека би сакала да е мртва, заради што Џеј полудел од бес. Се качил на мотор, отишол до својот дом од каде зел пиштол и потоа отишол кај Рајмонд дома. Рејмонд седел пред куќата, а Џеј му испукал два метка во гради и го ибил.
Џеј е уапсен и казнет со 40 години затвор. Адвокатите велат дека сигурно ќе добиел помала казна ако Јулија сведочела за се што Рејмонд и направил, но таткото не сакал ќерка му да доживува дополнителни трауми со тоа што ќе се потсетува на ужасите што ги доживеала.
– Мојот татко го направи истото што секој би го направил на негово место. Тој е прекрасен човек и родител. Ми се крши срцето зашто е зад решетки. Знам дека не сака колку и ние него – изјавцила Јулија за медиумите.
извор: Плусинфо
loading...

94389439834

21 неверојатна фотографија

направени во ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ!

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: