Штетите од земјотресот да се пријават на 195, АРМ и МВР со зголемена готовност

Штетите од земјотресот да се пријават на 195, АРМ и МВР со зголемена готовност
11.09.16   19:36

Прочитано : 815

Print This Article

По силниот земјотрес со јачина од 5,3 степен според Рихтеровата скала кој попладнево го потресе Скопје и околината триесетина граѓани побарале лекарска помош поради искршеници и расекотини кои ги добиле додека бегале од домовите. Пријавени се повеќе испукани ѕидови, а од еден паднат оџак настрада паркиран автомобил. Граѓани вознемирени излегоа на улиците, а евакуиран и затворен е трговскиот центар „Сити мол“.

zemjotres

Ова е втор по јачина земјотрес по катастрофалниот потрес во 1963 година кој загинаа 1.070 лица.

Вонредна седница одржа Управувачкиот комитет за за кризи.

Отворен е посебен телефонски број 195 на кој сите граѓани можат да побараат проценка дали нивните објекти се безбедни за живеење.

Задолжени се сите општински кризни штабови да извршат увид на терен на состојбата на објектите и на инфраструктурата и да пријават штети.

Како што информирање владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, и сод ите други институции, заедно со АРМ и МВР, се во состојба на зголемена готовност.

Утрово се случија и два други помали земјотреса – првиот во 6.58 часот со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала, а вториот една минута потоа, со јачина од 2,8 степени.

Експертите велат дека серијата земјотреси не е поврзана со неодамнешните поплави.
Според информациите епицентарот на земјотресите бил на 7 километри источно од Скопје.

  Категории: