Шилегов им го укина бесплатното паркирање на своите вработени во Град Скопје

Шилегов им го укина бесплатното паркирање на своите вработени во Град Скопје

Градоначалникот Петре Шилегов им го укина бесплатното паркирање на вработените во Град Скопје.

Завчера контролори на ЈП „Градски паркинг“ ги казнувале вработените кои немале платено за паркирање и ги информирале дека добиле налог од градоначалникот Шилегов бесплатното паркирање да биде укинато односно од 1 април сите треба да платат за месечна паркинг карта.

Градоначалникот Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека им било кажано на административците дека бесплатното паркирање не важи повеќе.

„Кога можат останатите жители на Скопје да плаќаат за паркирање и да имаат месечни карти, зошто вработените во Градот да се паркираат бесплатно на паркинг на кој се наплаќа. Не знам зошто досега тоа им било дозволено. Правилата мора да важат за сите, не може вработени во Град Скопје да бидат привилегирани“, вели градоначалникот Шилегов.