Шилегов: Хаосот на Бит пазар мора да се реши, бесплатни тезги за нелегалните продавачи

Шилегов: Хаосот на Бит пазар мора да се реши, бесплатни тезги за нелегалните продавачи
16.05.18   14:56

Прочитано : 135

Print This Article
loading...

Град Скопје нема да отстапи во намерата да ги расчисти тротоарите на Бит пазар од сите пречки што го оневозможуваат нормалното одвивање на сообраќајот за пешаците, велосипедистите и возачите, рече денеска на прес-конференција градоначалникот, Петре Шилегов.

Тој нагласи дека со отстранување на нелегалните продавачи на тротоарот на булеварот Крсте Мисирков, кај Бит пазар, ќе се реши хаосот и ги повика продавачите, кои овие неколку дена ги блокираат улиците, да ја прифатат подадената рака и да продолжат да работат во рамките на Бит пазар користејќи ги поволностите кои им се овозможуваат.

– Досега остваривме неколку средби со продавачите на диво поставените тезги кај Бит пазар.Овозможивме бесплатни тезги за два месеца за продавачите што ќе влезат во пазарот и ќе продолжат да работат на тие тезги. Отворено кажувам дека еднакво внимание укажуваме за развој на двете страни на Вардар. Правилата и редот мора да важат насекаде – рече Шилегов.

Тој објасни дека станува збор за не повеќе од 30 продавачи на диво поставени тезги на тротоарот на булеварот Крсте Мисирков, кои имаат поволности да добијат бесплатни тезги на Бит пазар. Во моментов на Бит пазар има 130 слободни тезги кои можат да ги добијат овие продавачи.

– Не сакаме никого да оставиме без работа или да го спречиме да си ја продава стоката. Затоа предвидуваме транзициски период со бенефиции за да може секој да се снајде. Овој чекор го преземаме со цел да ги вратиме купувачите во чаршијата и на пазарот и да овозможиме полесна пристапност до тезгите и до дуќаните. Воведувањето ред на ова место значи и поголема безбедност и пофункционален град. Јас немам обврска да овозможувам бесплатни тезги за пазарџиите, но имам обврска да ги уредам тротоарите, и да им овозможам на граѓаните пристапност до пазарот. Во моментов постојат нефер услови меѓу продавачите на нелегалните тезги на тротоарот и продавачите во пазарот – нагласи Шилегов.

 

loading...
  Категории: