Северна Кореја се заканува дека ќе ја откаже средбата со Трамп

Северна Кореја се заканува дека ќе ја откаже средбата со Трамп
16.05.18   11:41

Прочитано : 78

Print This Article
loading...

Претставници на Северна Кореја најавија дека би можеле да се откажат од самитот со американскиот претседател Доналд Трамп доколку САД унилатерално инсистира Северна Кореја да се откаже од нуклеарното вооружување.

Ким Џонг Ун одбива да се ослободи од нуклеарното вооружување во замена за економска помош

Долгоочекуваниот состанок помеѓу Доналд Трамп и Ким Џонг Ун треба да се одржи на 12 јуни, но во лутата изјава на министерот за надворешни работи на Северна Кореја тој напомена дека „САД даваат недефинирани изјави кои содржат злобни намери“. Тој конкретно го впери прстот кон советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон.

„Неколкупати претходно укажавме на Болтон и неговото однесување, затоа и не ја криеме нашата одбивност кон него“, рече Ким Кје Гван, министерот за надворешни работи на Северна Кореја.

Револуционерниот договор за средба помеѓу Трамп и Ким беше објавен откако Северна Кореја соопшти дека е посветена на денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Засега не беа откриени детали за тоа што точно мислеше врвот на Северна Кореја за оваа тема, но тие ги повикаа странските медиуми да сведочат на распадот на главното седиште на нуклеарното вооружување, што ќе биде одржано овој месец.

Сега повеќе работи се ставени под знак прашалник бидејќи министерот за надворешни работи рече дека ќе размисли дали ќе присуствува на состанокот доколку САД продолжат да инсистираат на денуклеаризација. Тој има голема доза на почит за претседателот на Северна Кореја и учествуваше во раната фаза од преговорите со САД. Постои многу мала шанса дека оваа изјава која ја даде Ким Кје Гван не ја напишал самиот Ким Џонг Ун, бидејќи тој е познат како човек кој сака работите да се под негова контрола.

Северна Кореја доби впечаток дека од нив беше побарано да се откаже од многу, а не доби многу за возврат, бидејќи и понатаму стојат на сила санкциите за нив. САД најави дека Северна Кореја ќе добие економска поддршка доколку се откаже од нуклеарното оружје, што е неприфатливо за Ким Џонг Ун.

  Категории: