Сергеј Варошлија: Гледачите сами ми прааќаат фотографии да ги коментирам, а добивам и закани за тужби (ВИДЕО)

Сергеј Варошлија: Гледачите сами ми прааќаат фотографии да ги коментирам, а добивам и закани за тужби (ВИДЕО)
20.07.18   15:34

Прочитано : 2,390

Print This Article
loading...
sergej naslovna

Го вклучувате ТВ приемникот и го гледате Сергеј Варошлија во неговото револуционерното модно шоу. Сигрни сме дека вашето внимание оправдано ќе биде задржано. А таму може да ја видите вашата омилена ѕвезда, пријателка, блогерка па дури и сестра, во минутите кога Сергеј го коментиран нивниот стајлинг на фотографиите објавени на социјалните медиуми. И веќе тука настанува кулминација кога ќе почне да коментира:

„Има Гучи чанта, тоа и не ми е толку важно дали е Гучи ташна или не. Но што е доле со топуциве, односно кондуриве и прстите и испаѓаат. Помали ли и се? – Што е ова, сестрата на Пепелашка, Гризела, Анастасија, па облече помали чевличиња?“

„Леле драги гледачи, леле драги гледачи. помош викајте милиција, дали имаме фрлено тело, онесвестено на фотелја? – Не ми е јасно зошто? Дали девојката паднала во несвест, дали ја анместиле вака наопаку? Зошто енкој би сакал да се слика вака?“.


За да се дојде до овој производ, има период на подготовка и две опции. Првата.
„Како се подготвувам? – Неколку дена од напред или тековно во денот. Обично ги анализирам инстаграм профилите доколку нема некое јавно случување каде што ќе има некакви јавни личности и црвен килим а знаеме дека тоа во Македонија генерално е проблем. Така да се водам по Инстаграм профилите, ќе напишам некаков си хатаг не знам дали тоа ќе се невести, матурантки и самиот Инстаграм и заради тоа што сами се тагнуваат така рандом ми ги дава“, вели Сергеј.

Втората, која може и да се нарече „намести го пријателот, сестрата или братучетката“.
„Има многу позитивни критики за сето ова и многу од гледачите ми праќаат сами, некои сакаат јавно сами да бидат искритикувани да го слушнат моето мислиење, па дури и да е лошо има и такви кои ги даваат на предлог своите пријатели, другарки или даваат профили од некој за мене не познати Инстаграм што сакаат да се наречат инфлуенсери. И така ќе се најдат тие луѓе во емисија. А има и луѓе што се лутат тоа е природно нормално“, раскажува Варошлија.

Сергеј вели немал досега закани по живот и се надева дека тоа нема да се случи заради тоа што сето ова, треба да се сфати во една позитивна варијанта, не сака намерно да плука некого. Раскажува дека имало и јавувања во телевизија, праќање на мејлови, а содржината на истите била многу примитивна, раскажува Сергеј. Лично ме навредуваат, од типот на тоа,  кој си ти да зборуваш за сестра ми, братучетка ми, ќерка ми  и од каде ти е правото сега ќе те тужиме ќе одиш на суд ти не смееш ова да го правиш.

Но едно е заборавено во целата оваа ситуација. Вашиот профил на било кој социјален медиум има опција да биде јавен или пак затворен. Но и секоја фотографија што е постирана на социјални медиуми не е веќе во ваша сопственост туку е во сопственост на публиката. Во законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, член 7 или Исклучување на одговорноста став 3 вели:
„Не е одговорн за навреда тој што ќе изнесе понижувачко мислење за носител на јавна функција во јавен интерес. Ако докаже дека тоа е заснована врз вистински факти, или ако докаже дека имал основана причина да поверува во вистинитоста на таквите факти, или ако изјавата содржи оправдана критика или поттикнува расправа од јавен интерес или е дадена во согласност со професионалните стандарди и етика на новинарската професија“.

Додека пак во став 4 стои:
„Не е одговорен за навреда тој што изнесува негативно мислење за друг со искрена намера или увереност во добронамерноста на неговото мислење“.

Или во превод тоа би значело „Ако јас кажам за одредена си девојка дека не и одговара бојата на фустанот, или дека косата и е запалена или дека изгледа како квази старлета или дека има бисер боја на хулахопки  илид ека има топуци или дека не личи на ништо јас не сум ја навредил лично се додека не атакувам по име, верска, национална, сексуална или каква и да е навреда на личен идентитет“, вели Сергеј.

Верувам на многумина сега им е јасно. Пораката на модната критика на Сергеј нема цел да навредува, едноставно модни совети како треба тоа да функционира доколку се бавите со јавна професија или пак сте лајк кој само има желба да влезе во светот на модата. Разликата помеѓу модата и стилот е квалитетот, но запомнете модата бледее а стилот останува вечен. А Вивен Вествуд ќе ве советува „Купувајте помалку, избирајте внимателно и направете го сами“.

loading...
  Категории: