Се санираат последиците од невремето во Скопје

Се санираат последиците од невремето во Скопје
13.06.18   17:18

Прочитано : 345

Print This Article
loading...

По силното невремето кое попладнево го зафати Скопје, подвозникот на улицата „Јордан Мијалков“ не беше прооден за возила.

 

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информира дека нивните екипи се на терен и оти за кратко ќе го оспособат коловозот за непречено движење на возила.

Скопје попладнево повторно го зафатено силно невреме со пороен дожд, ветер и град. Поплавени се сообраќајници, а дополнително ќе биде утврдено дали има материјална штета.

Од УХМР за МИА соопштија дека дуваше ветер со брзина од 65 километри на час. Невремето засега е ограничено само на скопскиот регион.

Слично невреме во Скопје имаше и во саботата.

  Категории: