Се одбележува 100 години од битката на Добро Поле и пробивот на Македонскиот фронт

Се одбележува 100 години од битката на Добро Поле и пробивот на Македонскиот фронт
15.09.18   10:27

Прочитано : 171

Print This Article
loading...

Се одбележува 100 години од битката на Добро Поле и пробивот на Македонскиот фронт

Општина Новаци, Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, историчари, истражувачи, рекреативци, туристи и спортисти, од утрово и во текот на цел ден, го одбележуваат 15 септември, денот кога пред 100 години на Добро Поле е пробиен Македонскиот фронт.

Пред точно 100 години, на 15 септември тука почнала огнената офанзива и пробивот на македонскиот фронт и тоа на запад придонесе за брзо потпишување на примирјето кое се случи на 11 ноември истата година, истакна утрово францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој заедно со градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски, ги поздравија учесниците на историско-туристичката тура со џипови.

Тој оцени дека оваа страница од историјата на Македонија е дел од европската историја, а градот Битола како и градот Верден го чува францускиот воен крст во знак на почит кон страдањата на локалното население. – Денес, како што посочи,  ќе ги посетиме местата што ги чуваат спомените на нашето заедничко минато. Посакувам успешно да се развива историскиот туризам и во Новаци во знак на почит кон минатото и историското наследство, и да создаваме нови врски меѓу нашите две држави.

Општина Новаци се грижи, го негува и развива историското минато, и го поттикнува меморијалниот туризам како важен спомен на општината од Првата светска војна, предочи градоначалникот Кузманоски.

-Денес се навршуваат точно 100 години од пробивот на македонскиот фронт кај местото Добро Поле од страна на силите на Антаната. Таа битка која пред еден век се одвивала на денешен ден всушност го означила почетокот на крајот на Првата светска војна. Многу историчари битката кај Добро Поле ја сметаат за пресудна битка бидејќи веднаш потоа беше потпишано примирјето со што настапи крајот на Првата светска војна, истакна Кузманоски.

Според програмата, учесниците на Добро Поле ќе одржат историски час, а на карпата каде во 1938 година имало споменик кој сега го нема, ќе биде поставена плоча. Реплика од тогашниот споменик од вчера се наоѓа и на француските воени гробишта во Битола.

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести