Вчера се чистеа и уредуваа сите општини во акцијата на ЗЕЛС

Вчера се чистеа и уредуваа сите општини во акцијата на ЗЕЛС
6.05.18   10:29

Прочитано : 88

Print This Article

Акција за чистење и разубавување на животната средина вчера се спроведе во сите општини во Македонија. во организација на Заедницата на единиците на локалната самоуправа-ЗЕЛС. Акцент беше ставен на чистење на дивите депонии, подигнување на комуналниот отпад, чистење на улиците и парковите.

Премиерот Зоран Заев ја поддржа акцијата и ја посети општина Дојран, каде со градоначалникот Анго Ангов засадија дрвца и цвеќиња.

Заев Дојран

– Дојран е еден од бисерите на македонската автентичност, заслужува ваква акција поради сите нас, но и поради илјадниците туристи кои доаѓаат овде, изјави Заев. Напомена дека здравата животна средина, како и убавата и чиста околина ќе ги натера туристите да се вратат повторно во Дојран.

Во Скопје се чистеше на булеварот „8 Септември“, на потегот од булеварот „Илинден“ до улицата „Скупи“. Во оваа акција учествуваа и скопските општини кои ги чистат реоните за кои се надлежни и градските јавни претпријатија со сета механизација и човечки потенцијал. Корито на Вардар

Во акцијата се чистеше дивата депонија на патот Струмица-Валандово, кај селото Костурино, на 15 локации во Кавадарци, во Прилеп. Со работна рака и со помош на механизација се чистеше и во Неготино, на потегот на булеварот „Маршал Тито“ од двете страни, од Полициската станица до надвозникот и просторот на влезот и излезот на Неготино, делот околу Спортско- рекреативниот центар „Младост“, градскиот кеј, потегот кај бензинската станица и други локации. 

  Категории: