СДСМ: Нови работни места ќе отвори новата Влада, заврши оперативниот план крадење на криминалната власт!

СДСМ: Нови работни места ќе отвори новата Влада, заврши оперативниот план крадење на криминалната власт!
17.02.17   19:30

Прочитано : 120

Print This Article

Соопштение на СДСМ:

7982-SDSM-ZNAME[1]

Ќе има нови вработувања во Македонија, шанси за нови бизниси со кои ќе ги мотивираме младите да останат во државата и повисоки плати. Но тоа ќе го реализира новата одговорна Влада за којашто гласаа граѓаните на предвремените избори.

Граѓаните очекуваат реални политики и затоа го поддржаа Планот за живот. Тој предвидува зголемена поддршка на малите и средни претпријатија од 200.000 евра на 20 милиони евра годишно. Бесплатен деловен простор за нови компании во старт ап центри. Отворање фирма со 1 евро основачки капитал. Поволни кредити до 15.000 евра за микробизниси со само 1 процент камата.

Граѓаните знаат дека ова се реални и остварливи мерки со кои ќе овозможиме живот во Македонија. Тие ги видоа ефектите од “оперативните планови“ на Никола Груевски и неговиот дил ориентед партнер Владимир Пешевски и не сакаат такви планови.

Со тие “оперативни планови“ криминалната власт изнесе на свои сметки над 5 милијарди евра пари на граѓаните. А оставија над 500.000 граѓани под прагот на сиромаштија. И иселија над 626.312 граѓани надвор од Македонија. Друга непожелна “оперативна мерка“ е масовната операција на бришење невработени од Агенцијата за вработување.

Времето на Груевски и на неговите соработници како Пешевски заврши.

Граѓаните избраа промени и само нова и одговорна Влада според нивната мнозинска волја може да создаде услови за отворање нови работни места и квалитетен живот во Македонија.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: