СДСМ: Министерството за здравство нема врска со набавките на Клиниките за хематологија

СДСМ: Министерството за здравство нема врска со набавките на Клиниките за хематологија
12.08.18   18:18

Прочитано : 725

Print This Article
loading...

Откако од ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност од министерот за здравство Венко Филипче за набавките во Клиниката за хематологија, обвинувајќи дека директорката Ирина Пановска Ставридис, со три тендери вредни над три милиони евра извршила јавни набавки од веледрогеријата „Пановски“ во сопственост на нејзиниот татко Златко Пановски, со реакција се јавија од СДСМ.

СДСМ реагира дека ВМРО-ДПМНЕ пласира лажни вести и оти во здравството се работи транспарентно и одговорно.

„Фактите говорат дека Министерот за здравство нема ниту мандат ниту каква било поврзаност со овие јавни набавки за јавните установи, односно постапките се во целост децентрализирани. Јавни набавки на лекови и медицински средства за потребите на јавните здравствени установи се спроведуваат согласно потребата на секоја установа одделно“, реагира СДСМ.

Според нив, за да се спречи судир на интереси, на директорката ѝ се одземени сите надлежности за процесот на јавни набавки.

loading...
  Категории: