САД има повеќе милијардери отколку во Кина, Германија и Индија заедно

САД има повеќе милијардери отколку во Кина, Германија и Индија заедно
16.05.18   12:41

Прочитано : 57

Print This Article
loading...

Во светот има повеќе милијардери од било кога – 2.754. Ова се наведува во извештајот „The Wealth-X Billionaire Census 2018“, според кој бројот на милијардери и нивното богатство се зголемија до рекордни нивоа во 2017-та година, пишува „CNBC“.

На САД отпаѓаат 25% од милијардерите во светот, наведува „Wealth-X“, иако земјата е дом на само 4% од светското население. Всушност, постојат повеќе милијардери во САД (680), отколку во Кина, Германија и Индија заедно.

„Поддржани од стабилната внатрешна економија, солидните профити од продажбата на акции и високата концентрација на технолошки компании, САД додаде 60 нови милијардери на листата“, посочува компанијата за студии во својот извештај.

Еве ги десетте земји со најмногу милијардери и колку поседуваат тие:

10. Обединети Арапски Емирати

Број на милијардери: 62

Севкупно богатство: 168 милијарди долари

9. Саудиска Арабија

Број на милијардери: 62

Севкупно богатство: 169 милијарди долари

8. Обединето Кралство

Број на милијардери: 90

Севкупно богатство: 251 милијарда долари

7. Хонг Конг *

Број на милијардери: 93

Севкупно богатство: 315 милијарди долари

* Хонг Конг е полуавтономна специјална административна област на Кина.

6. Русија

Број на милијардери: 96

Севкупно богатство: 351 милијарда долари

5. Швајцарија

Број на милијардери: 99

Севкупно богатство: 265 милијарди долари

4. Индија

Број на милијардери: 104

Севкупно богатство: 299 милијарди долари

3. Германија

Број милијардери: 152

Севкупно богатство: 466 милијарди долари

2. Кина

Број на милијардери: 338

Севкупно богатство: 1,1 илјади милијарди долари

1. САД

Број на милијардери: 680

Севкупно богатство: 3,2 илјади милијарди долари

loading...
  Категории:
view more articles

Останати вести