САД бараат Турција да биде осудена на Самитот на НАТО во Брисел

САД бараат Турција да биде осудена на Самитот на НАТО во Брисел
13.06.18   17:28

Прочитано : 222

Print This Article
loading...

САД повикуваат на својот следен Самит, НАТО да го осуди „недемократското и неодговорно однесување“ на неговата членка Турција, порача денес американската сенаторка Џони Ернест на собир во Вашингтон посветен на безбедноста во ЕУ и соработката меѓу Алијансата и Унијата.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, републиканската претставничка во Сенатот од сојузната држава Ајова и членка на сенатската комисија за воени служби, го критикуваше планот на Турција да купи руски ракетен систем С-300, нарекувајќи го „едноставно неприфатлив“.

– Турција ги поткопува напорите на сојузниците да ја стабилизираат ситацијата во регионот, посебно во напорите да заврши воениот конфликт во Сирија. Таа соработува со Русија која има големо влијание не само овде, туку и во многу земји на Балканот, како Србија и Косово, оцени Ернест,

Според неа, Турција исто така треба да сноси одговорност и за судењето на американскиот државјанин Ендрју Брoнсон, пастор на Евангелистичката црква, кој во 2016 година, по неуспешниот воен удар беше уапсен под изговор дека соработувал со Курдската работничка партија (ПКК).

– Тој се наоѓа повеќе од 600 дена во затвор и ја повикуваме Турција итно да го ослободи, како и да ги преиспита пресудите на останатите политички затвореници со американско државјанство, порача Ернст на Вашингтонскиот симпозиум за безбедност и одбрана на ЕУ.

Таа го истакна ставот на официјален Вашингтон дека Русија е најголемиот стратешки соперник на НАТО во ЕУ, посебно во јужниот дел на континентот и порача дека се потребни заеднички напори и одлучна реакција да се запре кампањата на дезинформации, кибер напади и воена агресија што Русија ја спроведува во некои земји од Балканот и во блискоисточниот регион со интервенцијата во Сирија.

loading...
  Категории: