Рокот изминува, а ВМРО-ДПМНЕ се уште нема кандидат за градоначалник во општина Центар

Рокот изминува, а ВМРО-ДПМНЕ се уште нема кандидат за градоначалник во општина Центар
14.09.17   15:27

Прочитано : 476

Print This Article

Општината каде се одвиваа најголеми драми на минатите локални избори во 2013, и сега ја бранува јавноста, уште пред да започне изборната кампања.

СДСМ дури вчера конечно го објави својот кандидат, а ВМРО-ДПМНЕ се уште нема или не објавува кој ќе ја бие битката за нив во една од најзначајните општини, иако вечерва на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури.

Опозициската партија денеска објави повеќе кандидати, но меѓу нив го немаше кандидатот за општина Центар.

Откако актуелниот градоначалник Андреј Жерновски собра потписи за независна кандидатура, истата ја повлече по договорот со Заев за влез во ЦО на СДСМ и влез во централната власт, веројатно со висока функција.

По ова СДСМ објави дека претседателот на општинската организација и директор на јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ ќе биде кандидат на владејачката партија и коалиција за овие избори, а Жерновски даде поддршка за неговата кандидатура.

ВМРО-ДПМНЕ на изминатите избори трката ја трчаше со претходниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, но изгуби, иако се прегласуваше во 3 круга, а во општината гласаа и гласачи од Пустец и други општини, за што јавноста слушна и од „бомбите“ на Заев.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести