Рјабков: Заканата на САД дека ќе употребат сила кон Сирија е уцена

Рјабков: Заканата на САД дека ќе употребат сила кон Сирија е уцена
11.09.18   12:34

Прочитано : 87

Print This Article

Рјабков: Заканата на САД дека ќе употребат сила кон Сирија е уцена

Заканите на Вашингтон дека ќе употреби сила против Сирија се дел од уценувачка политика, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

– Тоа е апсолутно политика на закани и уцени, истакна Рјабков.

Тој наведе дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно сигнализирала дека ќе го обвини Дамаск доколку се повтори некаков инцидент со употреба на токсични агенси или хлор.

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон вчера изјави дека САД, Британија и Франција се договориле за „многу посилен одговор во споредба со претходните воздушни напади, доколку сириската влада повторно употреби хемиско оружје“.

  Категории: