Рецепт: Триаголници со фил од урда и сув спанаќ

Рецепт: Триаголници со фил од урда и сув спанаќ
10.05.18   09:49

Прочитано : 1,054

Print This Article
loading...

Состојки
500 гр кори
За премачкување на корите
220 мл млеко
1 сув квасец
5 лажици брашно
200 мл масло
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
За фил
250 гр урда или сирење
1-2 лажици сушен спанаќ
сол по вкус
1-2 лажици кисела павлака
За премачкување на тригоните
1 јајце
сусам за посип

Со кори се прават најлесните и највкусните оброци.

Подготовка
1. Во еден сад го ставаме млакото млекото, шеќерот, брашното, солта и го оставаме 15 минути да отстои и да се активира квасецот. Го додаваме маслото, соединуваме.
2. Во друг сад ги соединуваме урдата, спанаќот, солта и киселата павлака.
3. Една кора ставаме на работната маса и со помош на силиконска четка ја премачкуваме со смесата од брашно.
4. Ја превиткуваме од едната страна, од лево па од другата, од десно, за да ни се направи долг правоаголник. Сувите внатрешни делови ги премачкуваме исто со смесата, после превиткувањето по должина.
5. На почетокот ставаме една лажица полна од филот. Превиткуваме и формираме триаголник.
6. Го ставаме во тавчето во кое ќе ги печеме. Така со сите кори.
7. Ги премачкуваме со разматено јајце и ги посипуваме со сусам.
8. Печеме на 200 степени околу 25 минути.

Забелешка
Во зависност од тоа колку ви се дебели корите ќе ви зависи и големината на триаголниците. Можете да ставате и по две кори во еден триаголник.

Извор: Мои рецепти

  Категории: