Рецепт: Солено пециво со штавеј (пајажина тесто)

Рецепт: Солено пециво со штавеј (пајажина тесто)
23.04.18   16:02

Прочитано : 2,072

Print This Article

Состојки
Тесто
300 мл млеко
1 свеж квасец
1 лажица шеќер
1 јајце
100 мл масло
650-700 гр брашно
1 1/2 лажиче сол
Фил
1/2 кг штавеј
2 јајца
400 гр изварка (урда)
100 гр маргарин (за премачкување)

Тестото е како пајажина, меко, вкусно, одлично…
Зафатете го квасецот со топлото млеко, шеќерот и малку брашно.
Додајте го јајцето, маслото, солта и постепено брашното, месејќи.
Тестото треба да е меко ама нелепливо. Убаво измесете го.
Покријте го со крпа и оставете го да се дуплира.
Потоа поделете го на 4 дела.
Секој дел расучете го со големина на тавата (отприлика) во која ќе печете.
Маргаринот стопете го.
Штавејот измијте го, исечкајте го и попарете го со врела вода. По десетина минути исцедете го. Измешајте го со јајцата и изварката.
Секоја кора од тестото премачкајте ја со четка со маргаринот. Ставете од филот (претходно поделете го на три дела). Првата кора ставете ја врз пек хартија.
Ставајте ги една врз друга сите кори.
Исечете го корите на 6 ленти
Секоја лента завртете ја во спротивни правци и ставете ја во тавата во која ќе печете (претходно намачкана со маргарин).
Покријте ја тавата со крпа и оставете ја дестина минути.
Потоа премачкајте со јајце, наросете со сусам, афион и ставете ја во ладна рерна. Вклучете ја на 200 степени. Печете се додека не добие убава, румена боја (20-30мин).

Извор: Мои рецепти

loading...
loading...
  Категории: