Рецепт: Печени путер крофни

Рецепт: Печени путер крофни
27.07.18   12:33

Прочитано : 920

Print This Article
loading...

Состојки
500гр. брашно
180мл. млеко
70гр. кафеав шеќер
1 јајце
70гр. путер на собна температура
15гр. свеж квасец
1/2 ванила
прстофат сол
За премачкување
по потреба растопен путер
За посипување
по потреба кафеав шеќер и цимет

Исклучително меки и вкусни крофни.
Вреди да се пробаат.

Во сад измешајте ги јајцата, млекото, ванилата и сронетиот квасец.
Додајте го шеќерот, омекнатиот на собна темоература путер и прстофат сол.
Со постепено додавање на брашното замесете меко нелепливо тесто.

Покријте го тестото со најлонска фолија и крпа и оставете убаво да стаса.

Од стасаното тесто расукајте кора со дебелина од 1-1,5цм
Со округол калап вадете кругови и редете ги во плех обложен со хартија.
Покријте ги и оставете да стасуваат 45минути.

Стасаните крофни печете ги на 180 степени, 15 минути.

Испечените и топли крофни премачкајте ги убаво со растопен путер и посипете ги со кафеав шеќер и цимет.

На здравје.

Извор: Мои рецепти

loading...
  Категории: