Рецепт: Овошни боем коцки

Рецепт: Овошни боем коцки
17.02.17   20:03

Прочитано : 663

Print This Article

Фин чоколаден овошен колач …

133548529

Потребно е:
за бисквитното тесто:
10 белки
250 гр брашно
250 гр шеќер
3 лажици сок од лимон
50 гр чоколадо во прав
1 лажица какао во прав
1/2 кесичка прашок за пециво

за филот:
10 жолчки
10 лажици шеќер
250 гр путер
1 кесичка шлаг пена
200 гр шумско овошје

за глазурата:
200 гр бело чоколадо

и уште:
неколку лажици варено кафе

Потребно е:
– Белките изматете ги во густ шлаг. Со постојано матење додадете ги лажица по лажица брашното, шеќерот, сокот од лимон, какаото и чоколадото во прав.

– Додадете го и прашокот за пециво и измешајте со дрвена лажица.

– Смесата сипете ја во тава  (20х30 см) обложена со хартија за печење и израмнете ја.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути.

– Печеното тесто оставете малку да се излади, тргнете ја хартијата за печење и оставете потполно да се излади. Сега исечете го по должина да добиете две кори.

– Во сад на пареа изматете ги жолчките и шеќерот додека да се згуснат. Оставете да се изладат.

– Изматете го путерот и додадете го во изладениот фил. Во оваа смеса на крај умешајте ја изматената шлаг пена.

– Корите испрскајте ги со свареното кафе (може и со сок од лимон или пак само млеко).

Овошни боем коцки1

– Над едната кора рамномерно нанесете го филот.

Овошни боем коцки2

 

– Одозгора распоредете го шумското овошје.

Овошни боем коцки3

– Одозгора ставете ја втората кора.

– На пареа растопете го белото чоколадо и со ова премачкајте ја втората кора.

Овошни боем коцки4

– Колачот оставете го убаво да се излади, најубаво преку ноќ.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: