Рецепт: Кекс со кокос

Рецепт: Кекс со кокос
21.02.18   15:25

Прочитано : 1,252

Print This Article

Состојки
4 јајца
1 кесичка ванила
1 кесичка рум шеќер
1 и 1/2 шоља шеќер
1 шоља масло
1 шоља топло млеко
2 и 1/2 шољи просеано брашно
3 лажици кокос
1 пециво
1 лажиче просеано какао-за декорација
Шољата е од 225мл.

Едноставен, лесен, брз кекс.

Јајцата се матат додавајќи им ги ванилата, рум и обичниот шеќер.
Кога сме добиле густа маса и промена на боја, го додаваме малку по малку маслото, па млекото и на крај брашното помешано со кокосот и пецивото, матејќи со послаба брзина, со цел да не спласни смесата.
Во мал дел се додава какаото, се соединува и се прават шари.
Се пече во загреана рерна 35 мин. на 180 степени.
Ладно се сече. Со шоља млеко, одлично.

На здравје!

Извор: Мои рецепти

loading...
loading...
  Категории: