Рецепт: Бисквитна торта со ананас

Рецепт: Бисквитна торта со ананас
12.02.17   12:28

Прочитано : 890

Print This Article

Вкусна кремаста торта што не се пече …

133383373

Потребно е:
350 гр ананас од конзерва
200 мл сок од ананас
450 гр бисквити
250 гр шлаг крем
250 мл млеко
250 кг желе бонбони
200 гр исецкани ореви
250 гр путер
250 гр шеќер во прав

Подготовка:
– Во подлабок сад издробете ги бисквитите и прелијте ги со сокот од ананас од конзервата. Додадете ги исецканите ореви, сецканиот на коцки ананас и желе бонбони.

– Посебно изматете ги шлагот и млекото и во друг сад и путерот со шеќерот во прав.

– Изматениот путер додадете го во смесата со бисквити, измешајте, а потоа додадете го половина од изматениот шлаг. Повторно убаво измешајте и смесата сипете ја во калап за торта со дијаметар од 24 см. Со нож израмнете ја тортата и ставете ја во фрижидер околу 2 часа.

– Тргнете ги страниците на калапот и тортата премачкајте ја со остатокот од изматениот шлаг. Украсете ја по желба. Повторно ставете ја во фрижидер да стои преку ноќ. Утредента исечете ја на парчиња и послужете.

Совет: За да полесно ја исечете може да ја ставите 30-тина минути во замрзнувач пред да ја исечете.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: