Регистрирани силни земјотреси во Вануату и Индонезија

Регистрирани силни земјотреси во Вануату и Индонезија

images

Силни земјотреси беа регистрирани денеска на островите Вануату и во Индонезија, јави Геофизичкиот институт на САД.

Нема податоци за настрадани лица или предизвикани материјални штети, а не е издадено ниту предупредување за појава на цунами.

Како што јави ТАСС, земјотресот во Вануату бил со јачина од шест степени според Рихтеровата скала. Потресот се случил  на длабочина од 36,8 километри под дното на Тихиот Океан, со епицентар на седум километри од Вануату,

Земјотресот крај Индонезија бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 60,3 километри. Епицентарот на потресот бил на 66 километри од крајбрежјето на западниот остров Сумата.