Разрешената в.д директорка на Центарот за социјални работи- Штип го избркала од работа новоизбраниот директор

Разрешената в.д директорка на Центарот за социјални работи- Штип го избркала од работа новоизбраниот директор
11.07.18   22:06

Прочитано : 1,217

Print This Article

Актуелната в.д директорка на Центарот за социјални работи- Штип, Сузана Цветкова, која што денеска е разрешена од оваа позиција пред шест дена од Заводот за вработување го одјавила како вработен Станко Димитров, кој од утре согласно решението на Министерството за труд и социјални работи е директор на оваа институција. Од Министерството за труд и социјална политика во денешното соопштение до медиумите го потврдуваат  случајот.

– Станко Димитров е одјавен од Бирото за вработување на 06.07.2018 без решението да му биде доставено и при тоа не е испочитувано едно од основните права од работен однос, а тоа е жалбата која го одложува извршувањето до конечноста и правосилноста. Државниот инспекторат за труд веќе работи на расчистување на случајот, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

В.Д директорката, Цветкова не сакаше ништо да коментира за случајот и да даде изјава. Додека Димитров, кој од утре и официјално е директор на Центарот за вработување –Штип вели дека досега до него не пристигнал никаков документ, за неговото одјавување како вработен од Заводот за вработување во Штип. Тој долги години работи во овој центар и има уште година и пол од својот работен век до пензионирање.

Според Министерството за труд и социјална политика, новиот директор на Центарот за социјални работи го има положено стручниот испит за обновување на лиценцата за работа во социјална установа, која ме е со важност од 27 јуни 2018 до 27 јуни 2023 година и истата не е услов за извршување на директорската функција.

loading...
loading...
  Категории:
view more articles

Останати вести