Работилница за акциски план против труење диви животни

Работилница за акциски план против труење диви животни
17.05.18   11:03

Прочитано : 41

Print This Article
loading...

Македонското еколошко друштво во соработка со Фондацијата за заштита на мршојадците (VCF) денеска организира меѓународна работилница за отпочнување изработка на акциски план за борба против труење на диви животни.

Целта на состанокот е изработка на национална шема за справување со инциденти поврзани со труење на диви животни во согласност со националната легислатива и вклучување на надлежните институции.

На денешната работилница ќе учествуваат експерти од МЗШВ, МЖСПП, Државните инспекторати за шумарство и ловство и за животна средина, професори од Факултететот за земјоделство, Факултетот за безбедност, МВР, крим техника, Ветеринарен факултет како и меѓународни експерти од Бугарија, Србија и Шпанија.

За време на состанокот ќе се направи размена на искуства со експерти од Шпанија, а ќе се дискутира за приоритетите и недостатоците и заеднички ќе се дефинираат препораките за понатамошната изработка на акциски план за борба против труење на диви животни.

Креирањето на акциски план за борба против труење е компонента на Балканскиот проект за борба против отрови (BAPP) кој се спроведува низ Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Грција. Македонското еколошко друштво во овој проект се јавува во својство на партнер организација од Македонија.

  Категории: