Прв центар за деца со посебни потреби со целосен третман

Прв центар за деца со посебни потреби со целосен третман
15.02.17   17:42

Прочитано : 1,859

Print This Article
loading...

Во Гевгелија денеска официјално беше отворен Центар за деца со посебни потреби кој е наменет за индивидуална работа и третмани со оваа категорија граѓани.

16790418_1641070719521992_1679821723_n

Центарот, чија главна цел е зголемувањето на социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби, го освети скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, кој пред присутните истакна дека овој дом е создаден од луѓето за другите луѓе.

16776039_1641105732851824_92125016_o

“Овој дом ќе биде полн со љубов, ние ќе им помогнеме на децата на кои тоа им е неопходно. Овде никој не беше вклучен за пари, туку секој имаше љубов, оти љубов е кога живееш за другите. Радосни сме што ве имаме драги деца. Затоа го молиме господарот на животот да ве направи среќни”, истакна Стојанов.

Центарот изобилува со активности кои вклучуваат програма за рана интервенција во сензорнa соба, терапевтска соба за физиотерапија, окупациона програма за подобрување на животните вештини и работното оспособување преку повеќе работилници, социо-едукативни активности за поддршка на родителите, активности за градење капацитети и развој на стручните лица од центарот и активности за социјална инклузија со деца со типичен развој.

16735373_1641105989518465_2099002101_o

Проекто кој ќе се реализира во наредните три години, ќе чини 290.000 евра. Апостолскиот егзархат во Македонија за да го реализира овој проект во изминатата година побара и доби донација од Италијанската Бискупска конференција за купување и адаптација на објектот во кој ќе биде сместен Центарот.

Амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео во своето обраќање изрази задоволство поради реализирање на еден ваков проект кој во суштина има интеграција на децата во општеството.

“Мене ми е драго што во еден ваков убав град се отвора толку значаен центар. Центар во кој ќе напредуваат децата. Ме радува фактот дека за реализација на овој проект се вклучени повеќе меѓународни и домашни фактори, како државни, така граѓански, како што е Фондацијата Аполонија, што само упатува на заклучокот дека сите чинители во општеството мора да се вложиме за да си помогнеме”, потенцираше Ромео.

Советникот од општина Гевгелија, Драги Хаџи Николов информираше пред многубројните гости, дека општината и во иднина ќе продолжи да поддржува вакви проекти, затоа што како што рече, тие се значајни за заедницата.

“Ние уште на самиот старт препознавме дека ова е одлична идеја и добар проект за да ги вклучиме децата со посебни потреби во социјално-економските текови”, рече Хаџи Николов.

Овој центар кој е прв од ваков вид во Македонија, ќе работи со 30 лица со различни попречености..Она што го прави единствен овој Центар е индивидуалниот пристап кон корисниците, честите индивидуални часови со стручните лица, програми кои вклучуваат успешни и признати светски методи со докажани резултати и успеси во работењето со децата со посебни потреби, работењето на животните вештини и работното ангажирање најрано што е можно и фокусирањето на способностите и интересите на корисниците. За корисниците кои ќе бидат вклучени во повеќе активности на Центарот ќе има обезбеден превоз од нивните домови

Центарот кој е финансиран е од Реновабис и Каритас Италија, а спроведен од апостолскиот егзархат во Македонија, „Националната Алијанса за лица со посебни потреби – Гевгелија“ и Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија, претставува дел од проектот „HUBilities – Основање на Центар за лица со посебни потреби во Гевгелија.

loading...
  Категории: