Протести во Мароко поради отворањето на амбасадата на САД во Ерусалим

Протести во Мароко поради отворањето на амбасадата на САД во Ерусалим
20.05.18   20:26

Прочитано : 80

Print This Article

Повеќе од 10.000 Мароканци денеска се собраа на улиците на Казабланка, протестирајќи поради одлуката на САД да ја премести амбасадата во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Демонстрантите носеа палестински знамиња и извикуваа „смрт за Израел“.

Исто така, можеа да се видат и пароли со натпис „Ерусалим е вечен главен град на Палестина“.

Денешниот протест во Казабланка беше организиран од четири партии, меѓу кои и најсилната опозициска партија, исламистичката Ал-Адл-Вал
Ихсан (Правда и духовност).

САД го признаа Ерусалим како главен град на Израел, по што ја преселија својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим. На денот на отворањето на амбасадата во Ерусалим, 60 Палестинци беа убиени на границата помеѓу Израел и Газа.

  Категории: