Протести против Орбан во Унгарија

Протести против Орбан во Унгарија
16.09.18   19:56

Прочитано : 398

Print This Article

Протести против Орбан во Унгарија

Околу 1.000 граѓани протестираат денеска против премиерот на Унгарија Виктор Орбан, барајќи Владата да ги почитува демократските права и другите вредности на Европската унија. Собирот го организираа левичарските опзициски партии.

Европските пратеници во средата го изгласаа почетокот на процесот на санкционирање на Унгарија поради, како што наведуваат, „сериозното кршење” на основните европски правила, а можен епилог на целата ситуација би можело да биде одземање на гласачките права на Будимпешта во рамките на ЕУ.

– Европа застана до нас, сега е ред и ние да го направиме истото. Орбан и неговата партија Фидес изгубија во Европскиот парламент, а Унгарија победи, наведоа организаторите на нивниот Фејсбук профил.

Демонстрантите на протестот носеа знамиња на Унгарија и на Европската Унија.

loading...
loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно