Протестантите со навреди и закани за линч до новинарите

Протестантите со навреди и закани за линч до новинарите
13.06.18   21:20

Прочитано : 4,113

Print This Article
loading...

Новинари кои ги следат протестите пред парламентот јавуваат дека добиват закани за линч и вулгарни навреди од толпата за која, како што велат демонстрантите, договорот со Грција за името е предавство и нема да дозволат никаква додавка, односно не се согласуваат со предлогот Република Северна Македонија.

Протестот кој се уште трае започна неколку часови откако председателот Иванов го нарече договорот за решавање на спорот со името “дивоградба” и додаде дека нема да стави потпис на указот. Претходно претседателот Иванов  направи скандал напуштајки ја просторијата во претседателската резиденција кога практично само минута две ги удостои премиерот Заев и министерот Димитров кои му го донесоа договорот на увид. Иванов ги остави сами и си замина од просторијата а накнадно најави обраќање за јавноста. Обраќањето траеше две минути. Го нарече договорот дивоградба и рече дека не го потпишува.

 

loading...