Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во источните делови.

Минималната температура, како што информираат од УХМР, ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 7 степени.

До недела ќе се задржи променливо облачно време. Локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта. Од понеделник ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. 

Back to top button
Close