Приведените терористи се ученици на имамот Реџеп Мемиши – Враќањето дома е безбеден и контролиран процес

Приведените терористи се ученици на имамот Реџеп Мемиши – Враќањето дома е безбеден и контролиран процес
10.08.18   18:12

Прочитано : 1,025

Print This Article
loading...
akcija

Седуммината борци на ИСИС кои на почетокот на неделава беа вратени од Сирија и приведени се ученици на имамот Реџеп Мемиши кои во случајот Ќелија 1 доби највисока затворска казна за регрутирање, организирање и испраќање луѓе на боиштата во Сирија. Уште 15 македонски државјани се наоѓаат во ова конфликтно подрачје, а службите најавија дека активно се работи на нивно обезбедување. Според информации од безбедносните служби, за приведените борци веќе се обезбедени докази поткрепени со изјави и ќе се теретат за учество во странска паравоена формација и тероризам. Меѓународната заедница веќе ја пофали одлуката на македонските власти за прифаќањето на репатријацијата, а безбедносните служби брифираат дека ова е најбезбеден метод бидејќи е единствен начин за целосна контрола на процесот.

Безбедносната проценка на службите во моментов е дека состојбата е мирна и Македонија нема терористички закани. Регрутацијата на борци од Македонија е намалена по 2014 година кога беше донесен новиот кривичен закон, а во последниов период забележително е дека регрутацијата се одвива преку интернет. Во Сирија се наоѓаат и 9 жени со македонско државјанство кои отишле да им помагаат на борците на ИСИС, но процесот за нивно обезбедување и кривичното гонење е потежок бидејќи тешко се обезбедуваат докази дека сториле терористички акт. Во земјава има 57 борци повратници кои не можат да бидат притворени бидејќи за нив не важи законот од 2014та, но безбедносните служби уверуваат дека тие не претставуваат ризик бидејќи состојбата се држи под контрола.

Службите очекуваат борбата против радикализмот и тероризмот да стане уште поефикасна откако ќе се донесе Законот за тероризам со кој ќе се предвидат побрзи и поефикасни алатки за откривање и сузбивање. Ваквиот закон е дел од реформите предвидени со националната стратегија. Инаку, безбедносните служби го разјаснија недоразбирањето помеѓу секторот за односи со јавност на МВР и медиумите за тоа дали борците се приведени во акција или пак се работи за преземање. Македонските власти доставиле список со свои државјани до меѓународната коалиција, а откако лицата биле обезбедени во земјава и откако МВР го потврдило нивниот идентитет, биле и формално приведени и префрлени во Шутка. Вкупно 156 лица од Македонија биле дел од ИСИС, од кои 35 се загинати, 23 се наоѓаат во нашите затвори, а тројца во затвор во Турција. Службите оптимисти дека наскоро ќе ги обезбедат и оние 15 лица кои се уште се наоѓаат на сириските боишта.

 

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно