Приведен и економскиот експерт Бранимир Јовановиќ

Приведен и економскиот експерт Бранимир Јовановиќ

Еден од приведените во вечерашната акција на полицијата за разбивање на протестот е и економскиот експерт Бранимир Јовановиќ.

13001225_10156837076150338_5602426887129477072_n

Јовановиќ е економски истражувач чие поле на експертиза може да се дефинира како применета економија и економетрија. Темите кои ги обработува се економската нееднаквост, сиромаштијата и фискалната политика. Има докторат по економија од Универзитетот во Рим „Тор Вергата“ и четиригодишно искуство како аналитичар во Народната Банка на Република Македонија.