Претставата “Против демократијата” на Естев Солер во МКЦ

Претставата “Против демократијата” на Естев Солер во МКЦ
16.04.18   13:19

Прочитано : 57

Print This Article
loading...

Трилогијата „Против“ (прогрес, љубов и демократија) на современиот шпански писател од каталонско потекло Естев Солер (Esteve Soler) инстантно влезе во фокусот на многу театарски куќи во светот. Инспирирана од големите дехуманизирани градови каде што бракот е склучен како договор на одредено време, каде мултинационалните компании воспоставуваат свои религии, Солер стана име што не може туку така да се прескокне. Тој е еден од најперспективните современи драмски автори во Европа.

Темата на претставата e демократијата и демократските вредности во кои нашето западно општество денес се колне. Но, авторот навлегува под површината и ги разработува следните прашања: Што навистина значат овие зборови? Живееме ли ние воопшто во согласност со нив? Дали тие вредности се вистински или пак сме во протест/ конфликт со нив, односно дали сме “против демократијата”, “против прогресот” и “против љубовта”? Дали живееме во “вистинска демократија” или пак ова е само нешто што личи на неа?

Преку седумте смешни и истовремено застрашувачки сцени, авторот се обидувa да ни ја посочи воочливата разлика помеѓу „човечкиот напредок” и “финансискиот напредок” во рамките на демократското општество. Тој пишува сцени каде ликовите-претставници на „моќта“ бескрупулозно ги користат сите средства, вклучувајќи го и “јазикот” како алатка за да ги дезориентираат, а по потреба и монструозно физички елиминираат ликовите кои им стојат на патот кон „напредокот“. Тој пишува стилски парадоксални ситуации каде апсурдот, хоророт, хуморот и политичкиот театар се смешани во едно. Сето ова ја држи публиката во текот на целиот процес на претставата во критички набој, помалку изненадена од формата на претставата, но во исто време и забавувана.

(Извадок од Кратката режисерска експликација за драмскиот текст „Против демократија“ на Есев Солер)

Проект на Здружение на уметници К.Ц. Медиа Артес, поддржан од Министерство за култура на Република Македонија и Министертво за култура на Република Бугарија.

Среда, 18.4.2018 година, 20:00 часот, Кино Фросина, МКЦ.
Цена на билет: 250 денари. Билетите може да се купат на билетарницата во МКЦ.

Режија: Дејана Николовска

Играат:
Игор Ангелов
Јасмина Билаловиќ
Дениз Абдула

Сценографија и костимографија: Милена Пантелеева
Композитор: Гаро Ашикјан

loading...
  Категории: