Повреден пешак од тетовско Слатино

Повреден пешак од тетовско Слатино
11.01.17   13:45

Прочитано : 42

Print This Article

Педесет и четири годишен пешак од тетовското село Слатино здобил телесни повреди откако вчера наутро во него удрило патничко возило „Рено 4“, управувано од 54-годишен жител од Милетино.

mvr

Според Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, несреќата се случила околу 6:30 часот на крстосницата меѓу регионалните патишта Тетово – Јажинце и Лешок-Желино.

Пешакот со истото возило бил пренесен во тетовската клиничка болница и е задржан на лекување. Увид на местото е извршен, се утврдуваат причината и околностите во кои се случила незгодата.

Во декември лани на пошироките тетовски простори се случиле 62 сообраќајни несреќи или 10 помалку во споредба со истиот период 2015-та. Во две несреќи две лица го загубиле животот, а декември 2015 имало една човечка жртва. Четири несреќи завршиле со тешки телесни повреди, 21 со лесни и 35 само со материјална штета од над четири милиони денари или скоро милион повеќе.

Најголемиот број од несреќите се случиле на тетовските улици, во вторник, во периодот меѓу 14 и 16 часот.

Во овој период, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вкупно исконтролирале 4.287 возила при што биле откриени 1.557 различни видови прекршоци. Законски се санкционирани 557 прекршочни, 563 мандатни платни налози и 416 писмени опомени.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: