Послушајте патриоти

Послушајте патриоти
13.06.18   12:47

Прочитано : 1,207

Print This Article
loading...

Ви пренесуваме дел од колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа:

Фала Заев! Фала за историското ДА за македонската иднина кажа ДА во името на оние што го сакаат својот македонски дом. Фала за храброста и патриотизмот, за одважниот чекор од седум милји.

Две и пол децении го носиме самарот ФИРОМ на грбот, понижени и обележани како “привремени”.
Заев ни го донесе имотниот лист што беше заклучен зад седум брави, чуван од керберите на сопствената балканскиот инает, но и од неспособноста, нерешителноста и кукавичлукот.

Две и пол децении се расправавме, често и со висок тон, за нашето име, по светот и дома, го браневме идентитетот и јазикот, како што знаевме и умеевме. Наспроти сето горчливо искуство од арамилакот што се криеше зад божемниот патриотизам, што во суштина беше сталинизам и етно-радикализам. Дури и рускиот амбасадор при ЕУ, Владимир Чижов, кажа дека баќушките го поддржуваат решението на спорот со името. Океј, не пропушти да каже и некој збор против НАТО, но тоа му е работа…

И да! Помина времето кога право на патриотизам и одбрана на тоа што е македонско им беше дозволено исклучиво на оние што ги вееја знамињата на омразата и насилството. Сега гордоста и достоинството, широчината и мудроста се на нашата страна од патот кон македонската иднина. На страната на сите Македонци и нивните сограѓанки и сограѓани. Направивме историски исчекор кон иднината, патриотски, а не националистички.

Денеска треба да му честитаме и на грчкиот колега на нашиот премиер. Ципрас вети дека ќе го реши спорот со името без оглед на цената што ќе ја плати. Го исполни своето ветување, наспроти силниот притисок од националистите и црквата, спонзорирани од кујната во Кремлин.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

loading...
  Категории: