Половина Британци се за нов референдум

Половина Британци се за нов референдум
10.08.18   10:27

Прочитано : 344

Print This Article
loading...

Половина Британци се за нов референдум

Доколку преговорите околу Брегзит завршат без договор, половина граѓани на Велика Британија сметаат дека треба да се организира референдум за конечна одлука дали треба да се напушти ЕУ, покажа најновото истражување во кое учествуваа околу 10.000 граѓани.

Според анкетата, двојно повеќе граѓани се на мислење дека е подобро да се организира референдум, отколку таа одлука да му се препушти на Парламентот.

Истражувањето на групата „Луѓето гласаат“, спроведено од 31 јули до 7 август, покажа дека 45 отсто од граѓаните поддржуваат референдум по завршувањето на преговорите, додека 34 проценти се против.

На прашањето кој треба да одлучи за останувањето или напуштањето на ЕУ, 50 отсто смета дека тоа треба да го сторат граѓаните на референдум, а 25 отсто сметаат дека за тоа треба да одлучи парламентот.

Според истражувањето 74 отсто од испитаниците сметаат дека преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ се одвиваат лошо, а 68 отсто мислат дека Британија лошо ќе помине.

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно