Полициска акција синоќа: Уапсени девет девојки од Албанија и Србија, ги забавувале гостите во угостителски објекти

Полициска акција синоќа: Уапсени девет девојки од Албанија и Србија, ги забавувале гостите во угостителски објекти
11.10.18   14:45

Прочитано : 261

Print This Article
loading...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 22.00 часот на 10.10.2018 година до 02.00 часот на 11.10.2018 година полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Горно Седларце, лоциран покрај автопатот Тетово – Гостивар, сопственост на Н.Ш.(42) од Тетово, ифнормираат од МВР.

Притоа, во објектот биле затекнати 10 девојки(пет од Република Македонија и пет од Република Албанија) кои ги забавувале гостите. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Исто така, во текот на минатата ноќ во периодот од 00.50 часот до 02.00 часот година полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во Тетово, лоциран покрај регионалниот пат Тетово – Желино, сопственост на А.Х.(46) од Тетово.

Притоа, во објектот биле затекнати шест девојки(две од Република Македонија и четири од Република Србија) кои ги забавувале гостите. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

loading...
  Категории: