Поданичка мисија

Поданичка мисија
20.03.17   12:52

Прочитано : 327

Print This Article

Zlatko Teodosievski

или

ЧЕСТА Е СВЕТА РАБОТА (4)

Ако пак сегашниве „академици“, заради многу причини, нерадо се сеќаваат на нивните колеги претходници – на пример спомнатите Конески, Митрев, но и многумина други – односно на оние кои всушност и ја формирале МАНУ и ја задолжиле оваа држава со нивната визија, можат да го погледнат напишаното од нивниот некогашен „голем“ прецедник Камбовски пред неколку години, а насловено како „Мисија“. А ако повторно не умеат да го вклучат компјутерот, ќе им го парафразирам во кратки црти напишаното.

Елем, ако Академијата, односно токму нивната МАНУ, била основана „како врвна научна и уметничка установа во нашата држава, која го следи и поттикнува развојот на науките и уметностите и се залага за нивно унапредување“, може ли некој од нашиве „мудреци“ во овој миг да не’ просветли што тоа тие поттикнаа, развија или унапредија во наведените области? Зашто, ете, ние обичните смртници паметиме само стагнација односно уназадување. Или, ако, како што вели „Мисијата“, „Академијата ги разгледува состојбите во областа на културното наследство и природното богатство, соработува во утврдувањето на националната политика во науките и уметностите, поттикнува, координира, организира и врши научни истражувања и уметнички остварувања, а посебно оние што се од исклучително значење за Македонија“, може ли еден, барем еден од членовите на нејзиниот денешен состав да стане и да каже што од ова исполнија во последниве единаесет години? Што разгледаа, кои и какви состојби, какви политики утврдија, што поттикнаа или координараа, организираа … последниве десет години во науката, културата, уметноста, а што беше навистина актуелно и од „исклучително значење за Македонија“?

Оттука и дилемата: да не имаат овие и некоја скриена, необјавена злосторничка мисија, непозната за пошироката јавност? Не пледирам на потполна и целосна информираност за активностите на МАНУ, ама белки ќе видев некаков нивен званичен и компетентен став за „Скопје 2014“? За девастацијата на цел еден град, главен град на државата? Или збор два за ремек делото на модерната македонска архитектура – објектот на Муличковски, денес целосно упропастено и преоблечено во смешна „бела шампита“? Или десетгодишното континуирано подривање на комплетната македонска култура преку т.н. годишни програми на Министерството за (не)култура, на чие чело (во Советот) долги години седеше токму еден нивни „уважен“ член? Или за т.н. дисперзија на високото образование? И уште многу такви „или / и“! Имаат ли појма тие матуфи таму во каква состојба навистина се наоѓаат овие области кај нас, какви катаклизми се случија во македонската култура и уметност, на кое рамниште е македонската наука? Гледаат ли воопшто, слушаат ли во каква состојба се наоѓа целокупното македонско општество? Или нив тоа не ги интересира? Или тоа само ние обичните смртници ги сметаме овие нешта за битни, дури и од „исклучително значење за Македонија“, а всушност побитни да ти биле незаситните апетити на „академициве“ и нивната трка по богатење?

Можеби ние имаме и друг проблем, а да не сме свесни за истиот. Односно, можеби ние постоиме заради нив – заради оваа гарнитура „академици“ – а можеби и оваа држава е создадена токму за тие да имаат од каде да цицаат? Можеби, но и тоа треба некој отворено да го каже. Ако не друг, тогаш барем библиотекарон крстоносец маскиран во академик.

А ние сепак нема да заборавиме да ги потсетиме дека сите потреби на таа институцијата – месечниот академски додаток, средствата за проекти, за патувања и истражувања, другите материјални потреби итн. – доаѓаат од општествениот буџет односно се дел од народните средства што ова општество ги издвојува за нивни потреби. А ова општество не е само кругот на злосторничкото здружение и неговата врхушка кон кои што, очигледно, се единствено наклонети македонските академици. Ова општество се и оние преку 620.000 гласачи кои на последните избори се изјаснија за крај на заробената држава и киднапираните права, за коренити промени во државата! И ние сега, или утре, можеме до бескрај да ламентираме дали и една МАНУ има обврски кон општеството, кон народот во крајна линија, и дали тие разгалени тутмаци мора конечно да ги извадат рацете од џебовите и очите од банковните сметки. Впрочем, тоа го правевме и изминативе којзнае колку години, и – ништо. Од тоа очигледно нема големо фајде зашто овие свикнаа и на критики и на произивки, па и на навреди. Ѓонови. Затоа и општеството мора да го смени односот кон нив и да ги постави нештата на вистинскиот колосек!

Златко Теодосиевски

Извор

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: