По дури 20 часа, куририте смислија цел филм - Спасов бил жртва, го бркале криминалци, сакале да го убиваат...

По дури 20 часа, куририте смислија цел филм - Спасов бил жртва, го бркале криминалци, сакале да го убиваат...

Откако цела Македонија, но и поширокиот регион дозна за заменскиот министер Диме Спасов кој удрил 2 возила беснеејќи по скопските улици, па трчајќи и избегал на полицијата, а го пратил својот возач да лаже дека тој возел наместо него, куририте смислија цел филм во кој тој е жртвата.

spasov-dime-640x480[1]

Порталот Курир на 20 часа по хаосот кој го предизвика Спасов објави, а останатите пренесуваат по него текст со наслов „Осудени криминалци го нападнале Диме Спасов“, во кој пишуваат дека некакви „осудени криминалци со албанско етничко потекло кои имале дебели полициски досиеа го нападнале и следеле возилото во кое се превезувал Спасов“.

Во текстот пишуваат дека Спасов бил следен од некакви криминалци Албанци кои наводно со тупаници удирале по возилото и му се заканувале дека ќе го убијат, и нормално, како и во сите приказни на куририте, тие да ти биле блиски со СДСМ.

Сепак, куририте во филмот за Спасов не кажуваат зошто некој би сакал да го убие Спасов, ниту зошто тој избегал кога го запреле полицајците на улица Алжирска.

Зошто, ако Спасов навистина бил во опасност не се израдувал кога ги видел полицајците и не побарал заштита, туку побегнал со трчање?!

Исто така, зошто 2 часа подоцна неговиот возач отишол кај полицајците и ги уверувал дека тој го возел џипот со кој биле удрени двете возила претходно, кога и полицајците и други очевидци виделе дека Спасов возел а во возилото била само една сопатничка, која истото го потврдила?!

Зошто Спасов би ја оставил сопатничката на милост и немилост на криминалците кои сакале да го убијат?!

И на крај, зошто овој филм не беше презентиран на Фејсбук страницата на Спасов кога во 2:48 часот по полноќ го објави следното:

„Во врска со одредени наслови и текстови на портали кои денеска беа објавени, за наводна “тешка сообраќајна незгода со последници” должни сме да реагираме бидејќи истите се базираат на невистини, шпекулации и груби дезинформации кои очигледно се смислени за да наштетат на угледот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика.

Опозициските портали дрско и непоткрепено манипулираа дека се случила тешка сообраќајна несрека со настанати штети што е целосна невистина. За овој типичен пример на организиран и координиран напад поттикнат во политички цели против дополнителниот заменик министер во наредните денови не е исклучено и поведување постапки пред надлежните судови за докажување на вистината“, стои во реакцијата на Спасов објавена на Фејсбук.

Зарем Спасов, или неговиот кабинет, би пропуштиле да се пожалат дека Диме бил бркан од опасни криминалци, и би чекале на филмот на куририте 18 часа подоцна?!

Дополнително, според информациите на Либертас, лицето чиј автомобил бил првично удрен, штом Спасов почнал да бега се јавил во полиција и за време на целото дивеење по скопските улици ја информирал полицијата каде се наоѓа Спасов, односно практично им вршел директен пренос, па така полицијата и успеала да го лоцира и да го застане на улицата Алжирска, од каде избегал со трчање.