Платформа на разбранувано море

Платформа на разбранувано море
17.02.17   12:56

Прочитано : 751

Print This Article

Во овие денови на исчекување, шпекулации, преговори и договори мора да преовладеат студени глави и разум, државнички настап со јасна порака до граѓаните дека се отстранети причинителите на кризата и дека Македонија е одлучна на патот кон Европа и НАТО, кон слободата, но и кон одговорноста за спроведување на историската шанса.

erol-rizaov[1]

Дали е избран вистинскиот пат и вратена довербата кај граѓаните ќе покажат многу бргу локалните избори, а уште побргу настаните што ќе се случат во Македонија до изборите. Големите настани исфрлаат на сцената и големи личности и државници. Македонија повторно е во еден таков момент, каков што беше распадот на Југославија и одбегнувањето на крвавата војна кога ја добивме независноста без ниту еден испукан куршум и без ниту една жртва на територијата на Македонија.

Вториот момент беше Охридскиот договор кој ја спречи граѓанската војна. Во овој миг недостигаат мудроста на претседателот Киро Глигоров и прагматичноста на претседателот Борис Трајковски. Првиот ја испрати од земјата ЈНА со потпис на меѓудржавен договор, а вториот не прогласи вонредна состојба 2001 година иако беше изложен на силен притисок тоа да го направи што лесно можеше да ја вовлече Македонија во крвава граѓанска војна. Денешниот претседател Ѓорге Иванов не е дораснат на историскиот миг. Повторно е во фаза на мирување.

Човек не знае кога е полошо кога молчи или кога зборува. Иванов покажа дека на Македонија не и’ е потребен претседател. Некои се трудат да докажат дека на Македонија не и’ треба ни влада. Ќе сме биле како Белгија. Еве оваа која е сега како да ја нема, целосно е нефункционална. Парламент нема, никој не ни чувствува потреба да го има. Нема влада, нема премиер, нема парламент, нема претседател на државата. Кој рече Белгија.

Колумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја тука

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: