Пациентите користат инсулин со рок до септември, МЗ вели нема да има криза

Пациентите користат инсулин со рок до септември, МЗ вели нема да има криза
10.08.18   18:13

Прочитано : 331

Print This Article
loading...
Insulin

На социјалните мрежи, граѓани постираа слики од инсулин со рок за употреба до септември. Станува збор за донација од претставништвото на производителот – 1.200 скатули и пенкала „НовоРапид“ кои веќе две недели ги користат децата и пациентите со дијабетес  тип 1, откако во Македонија се потрошија залихите и снема „НовоРапид“.

<imgsrc=”https://www.libertas.mk/wp-content/uploads/2018/08/Novorapid.jpg” alt=”” width=”960″ height=”540″ srcset=”https://www.libertas.mk/wp-content/uploads/2018/08/Novorapid.jpg 960w, https://1tv.mk/wp-content/uploads/2018/08/Novorapid-300×169.jpg 300w, https://1tv.mk/wp-content/uploads/2018/08/Novorapid-768×432.jpg 768w” sizes=”(max-width: 960px) 100vw, 960px”>

Од Министерството за здравство соопштија дека јавната набавка на инсулин ќе биде распишана на почеток на следната недела и завршени се сите претходни подготвителни работи. Посочуваат дека инсулинот кој е со рок на траење до 30 септември 2018, веќе е потрошен во јули или го има во многу мали залихи во неколку инсулински аптеки.

– Пациентите се снабдени со инсулин во рок. Пациените се снабдуваат со инсулин со количина која се троши во рок од 26 до 30 дена. Од 15 август веќе се обезбедени и ќе се дистрибуираат инсулини „НовоРапид“ со рок на траење повеќе од 12 месеци, потенцираат од Министерството и додаваат дека ги следат потребите на населението и нема да дозволат недостиг од инсулин.

Пациентите се револтирани. На социјалните мрежи се објавуваат фотографии од инсулинот и коментари дека деца го примаат.

-Еве и мене што ми дадоа . Пред да земам јас, истите вакви инсулини му ги дадоа на 16 годишно момче, напиша Ели Пирита од Битола.

<imgsrc=”https://www.libertas.mk/wp-content/uploads/2018/08/Eli-Pirita.png” alt=”” width=”495″ height=”352″ srcset=”https://www.libertas.mk/wp-content/uploads/2018/08/Eli-Pirita.png 495w, https://1tv.mk/wp-content/uploads/2018/08/Eli-Pirita-300×213.png 300w” sizes=”(max-width: 495px) 100vw, 495px”>

loading...
  Категории: