Партиите решаваат: Ќе ги спроведат условите или ќе им пресудат на изборите!

Партиите решаваат: Ќе ги спроведат условите или ќе им пресудат на изборите!

Со неутралната проценка за (не)исполнетоста на условите за фер-избори, на партиите им се дава уште една шанса за излез од сегашната ситуација, оценуваат аналитичари.

0,,18551004_303,00

Четирите партии сега се на „бришан простор“ и само од нивата волја и ангажман ќе зависи дали ќе се исполнат условите за на 24-ти април да се одржат фер-избори. Ова е заклучокот на аналитичарите, откако гарантите на Договорот од Пржино, вчера на премиерот Емил Димитриев и на лидерите на партиите-потписнички им доставија писмо со три основни услови што треба да се исполнат до 19 февруари.

„Пред распуштање на Собранието, но не подоцна од 20 февруари, ЕУ и САД во консултации со локални експерти заеднички ќе оценат дали се исполнети условите што би воделе до одржување на веродостојни избори на 24 -ти април“, рече амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав.

Аналитичарите сметаат дека со ова на сите партии им се дава уште една шанса за излез од сегашната ситуација.

Кои се трите услови?

Првиот услов е до 19 февруари ДИК целосно да биде обезбедена со персонал и финансии; да се извршат првични вкрстени проверки на сите релевантни бази на податоци за да се процени колку би траел процесот на проверки, вклучувајќи ги и теренските; да постои јасна законска рамка за навремено отстранување на имињата што не припаѓаат на Избирачкиот список; да постои опсежен и фер механизам за разгледување на жалбите од прочистувањето на списокот, а тоа да го надгледува ОБСЕ. Вториот услов е договор за медиумските реформи, а телевизиите да обезбедат објективно и непристрасно известување. Третиот услов е одвојување на државата од партијата. Сите јавни функционери да дадат јасни изјави и писмени инструкции дека нема да се толерираат притисоци врз вработените во јавната админстрација заради поддржување или неподдржување на одредена партија. Тврдењата за притисоци ќе мора да бидат истражени темелно и да бидат соодветно гонети.

„Парламентот, Владата и политичките лидери треба да донесат одлуки и тие се одговорни дали ќе ја вратат земјата на евроатлантскиот пат. Ги поттикнуваме сите партии, граѓани и организации да учествуваат на изборите. Тоа е најдобар начин за јакнење на демократскиот процес“, порача амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Два часа претходно лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција соопшти дека СДСМ и неговите коалициски партнери нема да учествуваат на избори на 24-ти април, бидејќи не се исполнети условите за тоа, односно дека се пробиени сите рокови од Договорот од Пржино.

(…)

Спротивно од пораката на Хан

Големи се очекувањата и во граѓанскиот секотор. Седумдесет и пет невладини организации пред два дена повторно побараа од меѓународните претставници јасно да го осудат едностраното, самоволно и противуставно донесување одлука за одржување избори на 24-ти април, без претходно да се спроведат вистински реформи кои ќе обезбедат услови за фер и слободни избори. Марјан Забрчанец, еден од координаторите на неформалната коалиција „Граѓаните за Македонија“ е задоволен што во последната изјава амбасадорите на ЕУ и САД порачаа дека од огромна важност е учеството на изборите на сите партии, на граѓаните и на граѓанските организации.

„Ова е важно да се повтори и да се чуе, особено заради недоследностите во изјавите на комесарот Хан. Оваа порака е целосно во друг правец од онаа дека е важно да се случат квалитетни избори, без разлика кој ќе учествува на нив. Имајќи предвид дека граѓанските организации не прифаќаат избори без прочистен список, без реформа во медиумите и без учество на опозицијата, логично е да се бара нов датум до кој ќе се обезбедат критериумите, кои ги презентираа ЕУ и САД“, вели Забрчанец.

Според него, ако проценката ја вршат локални и странски експерти, „нема дилема каква ќе биде нивната анализа пред 20 февруари“.

„Во спротивно, изјавата денес ќе содржеше порака дека се можни избори во април.

Постои притисок и врз опозицијата, зашто оттаму доаѓа заканата за бојкот, но изјавата на амбасадорите е, пред сѐ, притисок врз Владата за реформите итно да се интензивираат, за да можеме да зборуваме за избори во јуни. Притисокот за фер-избори од страна на граѓаните и граѓанските организации ќе биде исто така засилен во периодот кој следува, зашто во спротивно мнозинство од граѓаните ќе ги бојкотираат евентуалните избори во април“, вели Забрчанец.

Неофицијално, пред да биде спроведена евалуација на условите за фер избори, ќе се „надгледува“ и однесувањето на партиите, нивната конструктивност, како и реториката што ја користат во меѓусебната комуникација, бидејќи и таа се смета за важен фактор во можноста за разбирање и соработка меѓу политичките субјекти.

текстот на Катерина Блажевска во целост прочитаје го тука

Comments are closed.