Овој месец ќе се објават менијата за привлекување домашни и странски инвестиции

Овој месец ќе се објават менијата за привлекување домашни и странски инвестиции
2.09.17   22:09

Прочитано : 98

Print This Article

Целосно ќе се изедначат сите придонеси и државната помош за отворање на нови работни места и нови инвестиции во земјава и за домашните и за странските компании.

Ова го најави денеска премиерот Зоран Заев денеска при посетата на Велес, посочувајќи дека во текот на овој месец ќе бидат објавени ткн. „менија“ за привлекување странски и домашни инвеститори.

– Комплет ќе ги изедначиме сите придонеси и државната помош за отворање нови работни места и нови инвестиции во Република Македонија. И конечно домашните компании ќе добијат ист и во некој сегменти и подобар третман од странските компании ,заради тоа што тие имаат потенцијал за отварање многу постабилни работни места, изјави Заев во Велес.

Премиерот појасни дека тоа ќе значи оти работодавач што ќе отвори нови работни места со плата поголема од минималната некаде до просечната ќе има можност за дирекна државна помош со стимулативни мерки да отвори колку што може повеќе работни места.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести