Отворено писмо до САД, НАТО и ЕУ

Отворено писмо до САД, НАТО и ЕУ
18.03.17   10:40

Прочитано : 6,825

Print This Article

„Утре во 16.30 часот, сите на протест. На исто место. За Македонија се работи. За Вас и вашите семејства. Задолжително, сите вработени од 2006 година, мора да дојдат на протест. Од 16.30-19.00 часот може да го користите бесплатно јавниот превоз на ЈСП. Контролори нема да има, ќе бидат повлечени“.

Gligor-Stoimenov

Глумците ќе пеат, пејачите ќе држат говори, народот ќе вреска со патриотски пораки и сé така од ден на ден. Вака некако изгледа содржината на пораките кои им се испраќаат на членството на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се мобилизираат и повикуваат да ја бранат Македонија. Вака се брани Македонија, ами како. Ова со глумците е само шега, друго е сé точно.

Почитуваниот професор Денко Малески во завршните зборови од својата колумна ни порача дека ситуацијата во земјава е сериозно загрижувачка и време е повторно некој да пишува писма. Се согласувам во потполност со неговите размислувања и во таа насока ајде и ние да се обидеме да упатиме едно писмо адресирано до претседателот на САД, до генералниот секретар на НАТО, до земјите членки на ЕУ и да дадеме една наша куса интерпретација и согледување на моменталната состојба во Република Македонија.

Како би изгледало тоа. Денес јас, утре некој друг и така сите помалку ќе дадат свој придонес. Во својство на граѓани кои настапуваат јавно и ги бранат своите ставови и кои се загрижени за иднината на оваа земја, апсолутно секој од нас има право да го искаже своето мислење, да се обрати до нашите меѓународни пријатели и во таа насока да побара помош за конечно решение на оваа голема криза.

Искрено да бев на местото на претседателот Иванов ќе пишував и работев сé обратно од она што тој го прави. А го прави на штета на националните интереси, безбедноста и меѓународниот углед на Република Македонија.

Еве како би изгледало тоа:

„Почитувани екселенции, точно е, Република Македонија е нападната. Нападнати се оние демократски вредности и институции кои ги градевме вредно и неуморно во изминативе повеќе од 20 години. Нападната е нашата определба за евроатланска интеграција која ја изградивме уште по осамостојувањето во 1991 година. Македонија денес, иако е земја кандидат за членство во ЕУ, таа не е ниту демократска ниту правна држава, а нападнати се и згазени основните човекови слободи и права. Во Република Македонија денес не може да се оствари правда. Не постојат институции, не постои правосудство, сé е згазено и ставено на колена, едноставно не постои ништо што треба и мора една нормална демократска земја да го има.

Во оваа моја земја, Република Македонија, не се дозволува на брутален и насилнички начин да се формираат институции, да се формира влада, иако зад тоа стои убедливо мнозинство од македонските граѓани. Ваков случај до сега не постои во демократска и цивилизирана Европа. Како ни се случи ова.

Точно е дека во овие дваесетина години зад нас се менуваа многу влади, многу политички раководства и поминавме низ многу премрежија. Но никогаш, никогаш не ја напуштивме политиката и определбата кон нашите стратешки партнери САД и ЕУ. Денес тоа не е случај. Денес тотално забегавме и го напуштаме тој пат. Одговорноста за ова свртување од нашите стратешки интереси лежи во раководството на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ која е на власт од 2006 година и која само декларативно се изјаснува и ги поддржува нашите евроатлански интеграции а суштински внатре во државата прави сé да нé оддалечи од НАТО и ЕУ. Тоа е веќе така подолго време и видливо е на секој чекор. Преку владините контролирани медиуми, преку провладини експерти, се шири голема омраза кон Вас, пред се кон нашиот најголем стратешки пријател и поддржувач, а тоа е САД. Се трошат огромни финансиски средства за една голема хајка и пропаганда против амбасадорот на САД, Џез Бејли, што е невидено до сега во меѓународни рамки, и при тоа како да не разбираат дека тоа е и напад директно кон САД, како наша пријателска земја. Истото ова се прави и против високите претставници на ЕУ и НАТО претставувајќи ги пред граѓаните на Македонија како најголеми непријатели и најголема закана по опстанокот на државата. Ние како држава апсолутно сме на ставот дека треба да развиваме и негуваме добри и пријателски односи со Русија, но сепак нашата стратешка определба за која имаме висока поддршка кај македонските граѓани е евроатланската интеграција. Сепак некој сака ова да го прекине.

Ги манипулираат граѓаните на мојата земја и ги мотивираат да се борат против некој измислен непријател претставен во ликот на Сорос, САД и ЕУ. Ова лудило е отидено веќе предалеку и треба да се разбере навистина сериозно од Ваша страна.

Почитувани Екселенции, многу работи што се случуваат овде во Република Македонија навистина тешко може да ги разберете затоа што се работи за нешто што не е видено до сега во демократска и цивилизирана Европа.

Имено, една политичка гарнитура пред очите на сите Вас, се обидува да ја одбегне и заобиколи правдата преку обид за создавање на една безбедносна криза од пошироки размери во регионот. При тоа не бираат средства. Сé е ставено во функција на нивна одбрана. Масовно се злоупотребуваат националните чувства на Македонците преку ткн Албанска платформа која истите тие ја прифатија во целост, но сега се борат и го повикуваат своето партиско членство да протестира против истата таа платформа.

Се согласувам потполно со оние ставови дека сега воопшто не и беше местото на оваа Албанска платформа затоа што ниту Албанците не ја бараа воопшто, туку и албанските граѓани на парламентарните избори масовно гласаа за подобар живот и за правда во Република Македонија.

Само ќе ве потсетам дека на парламентарните избори на 11 декември, мнозинството од народот гласаше за промени и за живот во Македонија и тоа се факти кои мора да се почитуваат во секоја нормална и демократска земја. Иако мора да се каже дека оваа платформа на Албанците на крајот се сведе само на проширена употреба на „Законот за јазиците“, донесен уште во 2008 година, би било добро доколку успеете и сугерирате до политичките партии на Албанците да ја повлечат оваа платформа во интерес на мирна транзиција на власта во Република Македонија затоа што со тоа ќе се избие и последниот адут во рацете на овие кои сакаат да предизвикуваат сериозни безбедносни проблеми. Ќе ве потсетам уште еднаш дека ниту албанските гласачи не ја бараа оваа платформа.

На крајот да бидеме искрени пред себе. И да се повлече Албанската платформа не е сосема сигурно дека нема да се прават нови опструкции за формирање на новата влада. Ќе се измислат нови проблеми и бидете спремни на тоа.

На демократска Европа треба да и биде јасно како што веќе и на граѓаните им станува јасно дека ова не е битка против албанската платформа туку битка да се спречи формирање на новата македонска влада, и тоа по секоја цена, ако треба и на улица. Оваа политичка гарнитура која уште владее со Република Македонија не е спремна на мирна транзиција на власта и тоа е главен проблем.

Токму поради овие новонастанати околности, очите на на нашите пријатели во Брисел и Вашингтон треба да бидат широко отворени. Бараме будно да ја следите ситуацијата и колку што е во Ваша моќ да ја гарантирате безбедноста и унитарноста на оваа наша мала и мирољубива земја.

На крајот ни останува на сите нас да се надеваме дека со помош на целата меѓународна заедница ќе се стави крај на овие безбедносни тензии и оваа криза која предолго трае. Да се надеваме исто така дека ќе победи разумот и со дипломатски средства и со многу трпение ќе дојдеме до една мирна разрешница и мирен трансфер на власта во Република Македонија.

Искрено се надеваме дека во иднина нема да има потреба да пишуваме вакви писма и да бараме помош од нашите меѓународни пријатели затоа што Македонија ќе биде нормална европска држава.“

м-р Глигор Стоименов

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: